2013-09-20 13:16:38

Папата упати телеграма до настраданите од невремето во Мексико


Папата Фрањо упати телеграма со сочувство до бројните жртви од силното невреме кое го зафати овие денови Мексико. Папата изрази длабока тага поради драматичните последици во Мексико предизвикани од ураганот Ингрид и тропската бура Мануел од кои загинаа 80 лица, 58 се водат исчезнати, а илјадници луѓе се останаа без своите домови. Во пораката, која во негово име ја Државниот секретар, кардинал Бертоне ја испрати до архиепископот на Гвадалупе, кардинал Хозе Ортега, Папата ја гарантира својата молитва за загинатите, изразува „сочувство со семејствата на жртвите и татковска грижа и духовна близина со повредените и оние кои останаа без своите домови и ги доверува во мајчинските раце на Богородица од Гвадалупе.

Истовремено моли од Бог на населението погодено од поплавите да им даде утеха и да поттикне кај сите луѓе со добра волја братска солидарност за да може решително да одлучува при изградбата на погодените подрачја и да им даде делотоворна помош на оние кои се во болки и очај. На крајот од срце го поделува својот апостолски благослов „како знак на љубов кон саканиот мексикански народ.

РВ/го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.