2013-09-20 13:09:01

Односот на Црквата и социјалните мрежи


Навестување на Евангелието преку социјалните мрежи е централна тема на пленарното заседание на Папскиот совет за средствата за социјална комуникација.

На тридневното заседание учествуваат членови на советот и советници од целиот свет. Во сабота 21 септември учесниците ќе се сретнат со папата Фрањо.

Претседателот на советот, архиепископот Клаудио Марија Цели, во разговор за ватиканскиот весник Осерваторе Романо истакна дека месечно повеќе од десет милиони корисници пристапуваат преку Фејсбук до ватиканскиот портал за вести. Од нив најмногу корисници има од англиско говорно подрачје со околу 3 милиони корисници.

Пораките на папата Фрањо кои се упатуваат преку Твитер ги читаат девет милиони корисници на таа социјална мрежа, а според проценките на стручњаците пораките кои ги праќа папата Фрањо ги читаат околу 60 милиони лица од целиот свет.

РВ/го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.