2013-09-18 16:33:26

Црквата ги води своите деца на средба со Христос


Црквата е како храбра жена која ги брани своите деца за да ги води во пресрет на својот Свршеник – истакна Светиот Отец во проповедта на светата Литургија во вторник 17 септември во капелата на домот Света Марта.

Осврнувајќи се на средбата меѓу Исус и водовицата од Наин, Папата ја истакна димензијата на „водството“ на Црквата, која – како што рече – оди преку историјата, барајќи средба со Господ. Коментирајќи ја средбата помеѓу Исус и вдовицата, за која говори денешното Евангелие, Папата истакна дека Исус се сожалил над вдовицата чиј син умрел. Исус добро знаел како во тој период живееле вдовиците – рече Папата додавајќи дека Господ посебно ги сака вдовиците и се грижи за нив. Читајќи го ова Евангелие, мислам дека оваа вдовица е „слика на Црквата, бидејќи и Црквата во одредена смисла е вдовица“ - рече Светиот Отец, додавајќи: Нејзиниот свршеник отиде, а таа оди низ историјата, надевајќи се дека ќе го најде, дека ќе се сретне со Него. Тогаш засекогаш ќе биде свршена. Црквата затоа има димензија на водство, а за така да размислувам ме потикна овој дел од Евангелието. Таа храбра Црква, која ги брани своите деца, како вдовица која отишла кај подмитливиот судија за да ги брани и на крајот победила. Храбра е Црквата, нашата мајка. Жените кои ги познаваат своите деца имаат храброст, ги бранати и ги водат во пресрет на Господ – објасни Папата. Папата посебно ја спомена вдовицата Макабејка, чии седум синови повеќе сакале да поднесат мачеништво отколку да ги издадат Божјите заповеди. Светото Писмо вели дека на синовите им зборувала на мајчин јазик. И нашата мајка Црква ни зборува на мајчин јазик, со јазик на вистинска доверба кој сите го разбираме, со јазикот на катехизмот, кој ни дава сила да одиме напред во борбата против злото – забележа Светиот Отец. Таа е димензијата на водството на Црквата, која оди низ историјата, надевајќи се дека ќе го најде и сретне својот Свршеник... Таква е нашата мајка Црква. Знае да плаче, ако е верна, а ако не плаче, тогаш нешто не е во ред. Ги оплакува своите деца и моли. Таквата Црква оди напред и ги воспитува своите деца, ги зајакнува и ги следи сѐ до последната разделба кога ги предава во рацете на Свршеникот, а на крајот и таа ќе го сретне. Тоа е нашата мајка Црква. Ја гледам таа вдовица, која плаче. А што Господ вели на Црквата? Не плачи! Јас сум со тебе, те следам, те чекам таму, на свадбата, на последната свадба, на свадбата на Јагнето. Стани, овој твој син кој беше мртов, сега живее – рече Папата Фрањо. Така Господ разговара со Црквата – продолжи Папата. Црквата ги брани своите деца и плаче кога гледа дека се мртви, а Господ и вели: Јас сум со тебе, а твојот син е со мене. Како на момчето од Наин што му рече да стане од смртната постела, и на нас често ни вели кога сме мртви од гревот да станеме и да одиме да бараме простување. А што прави Исус кога ќе ни прости, кога повторно ќе ни даде живот? Нѐ враќа на нашата мајка – рече Папата Фрањо. Нашето помирување со Господ не завршува со дијалог: Јас, ти и свештеникот кој ни дава разрешение; завршува кога Тој ќе нѐ врати на мајката. Тогаш настанува помирувањето, бидејќи нема живот, нема простување, нема помирување надвор од Црквата. И така, гледајќи ја ова вдовица, ми доаѓаат на ум овие работи, некако случајно. Но во ова вдовица гледам слика на Црква која патува, која го бара својот Свршеник. Од Господ сакам да молам за благодат секогаш да се доверуваме на „Мама“ која нѐ заштитува, не воспитува и ни зборува со мајчински јазик – заврши папата Фрањо.
РВ/Д.И.








All the contents on this site are copyrighted ©.