2013-09-17 10:18:45

Срамота е да се фрла храна


Срамота за фрлената храна, покрај 870 милиони луѓе кои и денес трпат поради глад - на тоа предупредува новиот извештај на Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО), претставен во среда 11 септември во Рим, а кој се однесува на трошоците, и тоа не само на економските, туку и оние за животната средина, големите количества на произведена, а не потрошена храна. Годишно се фрлаат 750 милиони долари - застрашувачки е податокот за фрлената храна која не ја опфаќа рибата и морските плодови, за кои се проценува дека после уловот при повлекувањето на мрежите 70% се враќаат повторно во морето. Станува збор за големи количини, еднакво на бруто домашниот производ на две земји, како Швајцарија и Туриција. Во ланецот кој води од производство до конечна потрошувачка се губи, имено, 1,3 милијарди тони храна за јадење. Таквото расипување вклучува неповратно искористување на скоро 1,5 милиони хектари земјиште, односно скоро 30% од земјоделски обработливото земјиште во светот; расипувањето на вода колку што содржи Женевското езеро; и емисија на 3,3 милијарди тони стакленички гасови, односно двапати повеќе од количините испуштени во САД. Уште колку долго ќе можеме да си дозволиме неразумно трошење на богатствата на нашата планета? Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации предупредува дека до 2050 година, со сегашниот ритам, побарувачката за храна ќе биде зголемена за 60%. Според тоа навистина е лудост да си дозволиме расипување. Освен тоа, како да си ја смириме совеста во однос на 870 милиони гладни луѓе кои гледаат како храната, која на нив им е потребна за преживување, завршува во ѓубре? За да одговорат на овие прашања, споменатата организација состави прирачник од 100 страници, упатен до владите, претпријатијата, земјоделците и потрошувачите, во кои се бара можност за купување на потребните количини, дарување на прехрамбени производи на кои им поминал рокот на траење, а кои сe уште може да се јадат и продавање на помалку квалитетната роба по пониски цени. Станува збор за едноставни мерки кои можат многу да го намалат уништувањето - како што кажа во разговорот за нашето радио Хосе Грацијано да Силва, главен директор на Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации, и истакна дека е важно да се охрабри отворањето на „банки за храна”.
РВ/Б.У







All the contents on this site are copyrighted ©.