2013-09-14 17:05:08

Папата ја прими Марија Воче, претседателка на движењето на фоколарите


Во Ватикан продолжуваат аудиенциите на Папата со претставници на здруженијата и црковните движења. Во петок 13 септември Светиот Отец ја прими Марија Воче, претседателка на движењето на фоколарите. Средбата помина во разговор со семеен тон, кој ни откри колку многу Папата држи до ангажирано христијанство и христијанство на заедништво – рече веднаш по аудиенцијата Марија Воче за Радио Ватикан.

На пример ни се довери на кој начин Папата одлучил да го одреди Денот за пост и молитва за мир во Сирија и дека имал чувство како Бог го поттикнува на тоа – истакнува Марија Воче и додаде: Исто така почувствува дека таа одлука треба да ја донесе заедно со своите најблиски соработници, при што Марија Воче цитираше зборови од разговорот со Папата: Бог зборува кога сме собрани во Негово име. Бог не зборува само на поглаварот; говори на целата заедница.

Истакнувајќи дека на Светиот Отец посебно му лежи на срце живот според Евангелието, Марија Воче рече дека ги поттикна да продолжат понатаму да прават добро и тоа да го прават храбро и радосно. Посебно ја истакна радоста, бидејќи христијанинот без радост не постигнува ништо. Зборуваше и за ангажирано христијанство, христијанското заедништво – напомена Мариј Воче.

Со други зборови се чувствува отвореност кон целиот човечки род, неговата желба да го прегрне целото човештво – истакна на крајот претседателката на движењето на фоколарите.

РВ/го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.