2013-09-13 10:07:45

Апел за тешката ситуација на христијаните на Блискиот Исток


Виенскиот архиепископ, кој воедно е и претседател на фондацијата Про Ориенте, кардинал Христоф Шенборн, заедно со патријарсите на сите Источните Цркви потпиша апел за тешката ситуација на христијаните на Блискиот Исток и посебно за ослободување на двајцата киднапирани православни епископи.

Во документот, освен апелот за ослободување на двајцата епископи, потписниците барат да им се овозможи на сите раселени лица и бегалци враќање во домовите; во Сирија да се стави крај на крвопролевањето, и за Блискиот Исток да се осмисли политичко решение кое ќе ги почитува човечките права, верската слобода и слободата на изразување.

Во документот посебно се спомнуваат христијаните од Блискиот Исток. Тие се основен и неопходен дел од општеството. Сигурни сме дека ќе придонесат во изградбата на мирољубиво општество кое ќе се одликува со почитување и взаемна толеранција – се истакнува во документот.
РВ/го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.