2013-09-11 09:57:39

Папата се сретна со раководителите на дикастериите на Римската Курија


Во вторник 10 септември со почеток во 10.00 часот папата Фрањо во Апостолската палата се сретна со сите раководители на дикастериите на Римската курија, со претседателот на Управата на градот држава Ватикан, како и со Римскиот викар – соопшти канцеларијата за печат при Светата Столица. Во текот на минатите шест месеци од својот понтификат, Светиот Отец лично се сретна со сите раководители и разговараше со нив. Денес ги сретна сите на заеднички состанок, кој го водеше лично папата Фрањо. Тоа беше можност Папата да слушне мислења и совети од своите најблиски соработници во Рим, што е и во согласност со предлозите кои ги дадоа кардиналите за време на подготовките за конклавите, како и со размислувањето на Светиот Отец за управување со Црквата, при што ќе има уште еден многу важен момент – состанок со осумте кардинали на почетокот од следниот месец. Денешниот состанок заврши кратко пред 13.00 часот – стои во соопштението на Светата Столица.
РВ/го*ко










All the contents on this site are copyrighted ©.