2013-09-10 09:23:43

Папата Фрањо: На работниците треба да им се гарантираат економски и општествени права


Права на работниците, заштита на околината, заедниччки на интереси, тоа се главни теми на пораката на Папата за денот за размислување наменет околината и други социјални прашања поврзани со светското рударство, кој во сабота 7 септември го организираше Папскиот совет за правда и мир. На собирот учествуваа претставници на најголемите рударски претпријатија, од Католичката Црква и стручњаци за рударство. Да се осмисли нов процес за усвојување на одлуките, со кој ќе се почитуваат правата на работниците за да не се повторат грешките од минатото во однос на животната средина и општествените прашања поврзани со глобалното рударство - посака Светиот Отец во пораката, која ја потпиша кардинал Тарчизиио Бертоне. Во документот насловен до кардинал Турксон, претседателот на Папскиот совет, Папата, поздравувајќи ги учесниците, меѓу нив менаџерите на меѓународни рударски компании, и работниците и нивните семејства, синдикатите, локалните заедници во кои има рудници, посебно во Африка и земјите во развој, ја истакна важноста на собирот на кој учествуваат христијани, верници од други религии и неверници. „Ова е прв пат менаџери од рударството да се најдат во близина на Петровиот наследник за да размислуваат за својата одговорност во однос на човекот и средината, и сериозно да си ја преиспитаат совеста за тоа што може да се направи за рударството за да може да овозможи позитивен и траен допринес на целокупниот човечки развој – се истакнува во пораката.

„Според обработените податоци на одговорните за прашања за животна средина во Папскиот совет Тебалд Винцигвер, рударството обезбедува десет или дваесет отсто од светското богатство, посебно во Латинска Америка, Африка и Азија во рударството се вработени најмалку 2,5 милиони луѓе. Се смета дека од 15 до 12 милиони луѓе се вработени во рударството, но за жал не баш секогаш во законски рамки, бидејќи има појава на криминал, корупција, злоупотреба малолетници, загадување и насилство, исто така и кон мисионерите и епископите кои се – како што тврди Папскиот совет - во рударски подрачја биле со луѓето кои бараат поправедна распределба на добрата. На рударството - забележа Светиот Отец - не се гледа без причина како неправедно искористување на природните богатства и локалните жители, кои понекогаш живеат како робови и се принудени на селење, напуштајќи ги родните краеви.Тоа се сложени етички проблеми „тешко решливи со еден одговор”, со тоа секое човечко делување бара сериозност. Рударството како и другите индустриски дејности има еколошки и општествени последици кои се пренесуваат од генерација на генерација – се вели во пораката на Папата.


Осврнувајќи се на минатите грешки, Светиот Отец истакна дека денес одлуките кои се донесуваат треба да ги имаат во предвид геолошките изгледи и добивката на вложувачите и државите во кои се наоѓаат претпријатијата. Папата потсети дека е нужно и неизбежно да се води сметка за „сложеноста на проблемот во однос на солидарноста, гарантирајќи им на работниците економски и општествени права, почитувајќи ги прописите и директивите на Меѓународната организација за работа. Што се однесува пак, на заштита на околината неопходно е при ископувањата да се почитуваат меѓународните стандарди”. Голем е предизикот за менаџерите на претпријатијата, потсетува Светиот Отец, за усогласување на интересите, кои водат сметка за потребите на вложувачите, менаџерите, работниците, нивните семејства, иднината на децата, заштита на околината и зајакнување на светскиот мир. Бројни се, значи, предизвиците со кои треба да се соочат управителите, вдахнувајќи се со моралните начела кои се стремат за добро на сите. Тоа на управителите би им овозможило соочувања со тешкотиите кои се однесуваат на рударите и нивните семејства, локалните жители и околината, меѓународната солидарност. Во тој контекст локалните Цркви се повикани на соработка со управителите на рударските претпријатија за да им помогнат да ги развијат сите можни видувања на проблемот- заклучи Светиот Отец.

РВ/Б.У.на







All the contents on this site are copyrighted ©.