Папата на Твитер: .Никогаш повеќе војни! Никогаш повеќе војни
Со јасна порака за мир Папата на 2 септември се огласи на твитер.„Никогаш повеќе војни!
Никогаш повеќе војни”, напиша Папата во пораката која е пренесена на 8,93 милиони
следбеници на профилот на Папата на таа социјална мрежа. Поглаварот на Католичката
Црква со тоа го повтори неделниот апел за мир и поттикот за молитва за мир во Сирија
и во светот сумирано во неделниот твит. „Да молиме за мир: мир во светот и мир во
секое срце.” Со повикот „Никогаш повеќе војни!”, папата Фрањо ги повтори зборовите
на папата Павле VI od 5 октомври 1965 година во Обединетите нации. Со зборовите „Никогаш
повеќе војни”, Павле VI бараше престанок на војните и мир во Виетнам. Година дена
покасно – 15 септември 1966 – ја објави енцикликата “Christi matri" повикувајќи ги
католиците од цел свет во месецот на Марија, октомври на молитва за мир и со поттикна
на завршување на конфликтот и почеток на преговори во Виетнам, извикувајќи: „Во името
на Господ, ве повикувам да престанете”.