2013-09-02 11:53:19

Папата повика на 7 септември на молитва и пост за мир во Сирија и целиот свет


Во својот неделен говор пред молитвата Ангел Господов Папата го посвети на драматичните настани во Сирија. Тој ги повика верниците од целиот свет во сабота 7 септември, во предвечерието на празникот Раѓање на Пресвета Богородцица да молат и постат за мир во Сирија, целиот Близок Исток и во светот. На тој ден ќе се собереме на тука на плоштадот Свети Петар од 19 до 24 часот на молитва во духот на покора молејќи за Божјиот дар на мир за саканиот сириски народ и за сите кои се наоѓаат во судири и насилство во светот, рече Папата. Светиот Отец ги повика и сите христијани, како и припадници на останатите религии да учествуваат на таа молитва. Ги повика сите вклучени страни во судирот на преговори и ја поттикна меѓународната заедница да преземе конкретни чекори за да се стави крај на судирите, посебно војната во Сирија. „Човештвото треба да види гест на мир и да слушне зборови на надеж и мир“ рече Папата.

Никогаш повеќе војни! Ја осудувам употребата на хемиско оружје – рече меѓу другото папата Фрањо пред насобраните верници, кој го исполнија плоштадот Свети Петар. Моето срце е длабоко рането. Сѐ уште ми се пред очи страшните слики на уништување и страдања кои ги видов минатите денови, рече Светиот Отец. Бог и историјата ќе судат. Од тоа никој нема да може да побегне, истакна папата Фрањо предупредувајќи дека насилството не води до мир.

РВ/го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.