2013-08-31 15:22:37

Почина кардинал Мазомбве


Папата Фрањо рече дека „длабоко го натажила“ веста за смрта на кардиналот од Замбија Медард Јосеф Мазомбве. Почина на 81 години од животот. Во телеграмата со сочувство до архиепископот Лусаке, Светиот Отец со благодарност се сеќавање за „неуморното заземање“ на кардиналот за ширење на Евангелието во Африка, како и „неговото постојано заземање за сиромашните“ и ќе го моли Бог, милосрдниот Отец, да го награди за неговиот труд и неговата благородна душа да ја прими во небесниот мир и радост“.

Кардинал Мазомбве, поранешен архиепископ на Лусаке, главниот град на Замбија, е единствен замбиски кардинал во Кардиналскиот колегиум. Роден е на 24 септември 1931 година во архиепископијата Чипата. Воспитуван е во мисионерска семејна атмосфера. Неговиот татко Адријан Јосеф бил еден од првите вероучители во епархијата, а мајка му Евгенија Фири била позната по својата побожност. За свештеник е ракоположен во 1960 година, а на 39 години е именуван за трет епископ во епархијата Чипата. Иван Павле II го именувал за архиепископ на Лусаке, а папата Бенедикт XVI во 2006 година го именува за кардинал. Учествувал на три Епископски синоди, целиот живот го посветил на раст и зацврстување на Црквата во неговата земја. Со преминувањето на кардиналот Мазомбве, во Кардиналскиот колегиум останаа уште 201 кардинал, од кои 112 со право на избор.

РВ/Д.И.








All the contents on this site are copyrighted ©.