2013-08-31 15:18:18

Папата упати порака до учесниците на симпозиумот за меѓухристијански дијалог


„Животот на христијаните и граѓанската власт. Историски прашања и актуелни изгледи за иднината на Исток и Запад“ е темата на меѓухристијанскиот симпозиум, вклучен во Константиновата година, по повод јубилејот 1700 години од Миланскиот едикт од 313 година. Тридневниот собир, кој е отворен во среда 28 август на Католичкиот универзитет од Милано, го организира Фрањевскиот институт за духовност на Папскиот универзитет Антонијанум од Рим, заедно со Православниот теолошки факултет од универзитетот „Аристотел“ од Солун. По тој повод пораки упатија папата Фрањо и патријархот Вартоломеј I.

Историската одлука на Константин – истакнува папата Фрањо во пораката – со која се одредува верска слобода за христијаните, отвори нови патишта за ширење на Евангелието и на одлучувачки начин придонесе за раѓање на европската цивилизација. Поради тоа – според зборовите на Папата – добро е да се потсетувааме на тој настан, кој на Исток, како и на Запад, пренесе уверување дека пред Божјиот закон граѓанската власт ги наоѓа своите граници, потоа барање оправдан простор за самостојност на совеста, и свеста дека црковната и граѓанската власт се повикани да соработуваат за потполно добро на човечката заедница.

Исто така и патријархот Вартоломеј I во својата порака ја истакна важноста за едиктот со кој Константин на христијаните им дозволи слободно извршување на нивните културни и верски должности – а според зборовите на патријархот - и денес оваа тема е актуелна, во која од една страна искушението на немоќ во некои случаи влијае на животот на христијаните, а од друга страна одредени облици на политичка моќ во современото општество делуваат негативно или пак го ставаат во опасност нивниот живот.

За целите на симпозиумот во разговор за нашето радио говореше патер Паоло Мартинели, управител на Фрањевскиот институт за духовност при Папскиот универзитет Антонианум. Ја истакна замислата за тоа да се слушнат взаемно традицијата, на истокот и на запада, за да се запознаат најразличните теолошки, духовни, но и историската традиција, и свесни на различните пристапи, на истокот и на западот, помеѓу прашањата за политичката власт и животот на христијаните. Од друга страна пак е нивната актуелност - напомена патер Мартинели. Живееме во свет кој сѐ повеќе е глобализиран; нашите општества се плурални, затоа и нашите различните традиции се длабоко променети, и сега сме повикани на поголема соработка, за христијанското присуство во општеството, внатре во општествено - културните прилики да биде сѐ повеќе видливо и делотворно. Забележувајќи потоа дека пред католичката и православната традиција се наоѓаат сѐ повеќе заеднички теми со кој треба да се соочат, патер Мартинели напомена дека таква е една од темите на симпозиумот - лаичноста на државите, новиот поим за држава кои модерното време ги става пред нас. Притоа истакна дека е јасно тоа дека нашите две традиции можат да дадат голем придонес, но треба одново да се протолкуваат тие традиции внатре, новите прашања со кои треба да се соочиме, а најмногу со идејата за лаичност која може да се прикаже во помал неутрален облик, а која не сака да пружи вистински и позитивен простор за различните верски традиции. Меѓутоа, постои, напротив, можност да се размислува за лаичноста која на различните култури и верски субјекти и дава можност за нивен придонес за добар живот на сите луѓе - истакна патер Паоло Мартинели.

РВ/Д.И/ го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.