2013-08-31 15:20:05

Отец Фернандо Алзага е новиот генерален секретар на Ватиканската управа


Светиот Отец го именуваше отец Фернандо Вергез Алзага, член на Христовите легионери, за главен секретар на Упрвата на државата Ватикан. Досега отец Алзага беше директор на Телекомуникации на Државата Ватикан. За свештеник е ракоположен во 1969 година, магистрирал Филозофија и Теологија на Папскиот грегоријански универзитет и диплома од Ватиканската школа за архивистика. Во служба на Светата Столица стапил во 1972 година работејќи во Конгрегацијата за институти за богопосветен живот и општества со апостолски живот, а од 1984 година во Папскиот совет за лаици. Десет години подоцна станува директор на канцеларијата за Интернет на Светата Столица, а од 2008 година ја извршуваше должноста директор за Телекомуникации на Ватиканската држава.
РВ/Б.У.








All the contents on this site are copyrighted ©.