2013-08-30 10:59:34

Светскиот ден на младите во Краков ќе се одржи кон крајот на јули 2016


Полските епископи предложија претстојниот Светски ден на младите во Краков да се одржи во втората половина на јули 2016. Ова е соопштено по завршувањето на средбата на епископите од Полска кои на 26 август се собраа во Ченстохова. Комитетот задолжен за посетата на папата Фрањо во Полска за Светски ден на млади во Краков ќе биде предводен од кардинал Станислав Џивиш. На настанот се очекуваат над два милиони млади луѓе од целиот свет. Црквата во Полска има потреба од нов импулс и нов здив на Светиот Дух", вели монс. Станислав Буџик, уверувајќи дека „младите со радост ќе ги прифатат сите тешкотии поврзани со организирањето на Светски ден на млади во Полска, бидејќи и тие претставуваат една пасторална црковна заедница". Деновите во Краков ќе се одржат на 25-годишнината од средбата на младите со Иван Павле II во Ченстохова и истовремено ќе се поклопи со прославата 1050 година од христијанизирањето на Полска. Во соопштението епископите велат дека „канонизирање на Иван ХХІІІ и на Иван Павле ІІ ќе овозможи подобра подготовка на настанот".
РВ/го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.