2013-08-30 10:55:18

Папата го прими Јорданскиот крал: Дијалогот и преговорите се единствената опција за Сирија


Во четврток 29 август папата Фрањо во Ватикан го прими Јорданскиот крал Абдалах и кралицата Ранија.

Во разговорите помеѓу Папата и хешемитскиот суверен е потврдено дека дијалогот и преговорите, со помош на меѓународната заедница се единствената опција за ставање крај на судирот, стои во соопштението од Ватикан.

Светата Столица ја истакнува неопходноста од престанок на насилствата, кои секојдневно предизвикуваат губење на голем број животи. Иста така посебно се истакнува „ангажирањето на кралот на полето на меѓуверскиот дијалог“ и „позитивниот допринес на христијанските заедници во општествата во регионот кои се во нив интегрирани.

„Многу го почитувам она што го правите и што прави Католичката црква“, рече јорданскиот крал, чија земја граничи со Сирија и во која во моментот има околу милион сириски бегалци.
По тој повод разговаравме со архиепископот Мароуно Лахам, патријаршиски викар во Јордан, Ерусалимско - латински патријаршија. „Јордан се залага за мир, дури и за време на стравувањата од она што се подготвува”- рече архиепископот. „Кралската посета на Папата, пред сѐ е можност за разговор за мир во Светата Земја и Јордан, но сега посебно е важен мирот во Сирија, при што Јордан игра важна улога”. Архиепископот Лахам изрази надеж дека „Големите сили” ќе се усогласат околу мирно, а не воено решение на кризата. На прашањето за можноста за воена интервенција на тоа подрачје, архиепископот изрази голема загриженост, бидејќи - како што вели – „Насилството секогаш раѓа насилство. Во таа смисла, се чини дека во САД и Европа никој навистина не верува во правата на човекот, во заштита на најслабите. Сите ги бараат сопствените политички и економски интереси - а никој не верува во човечки права и заштита на најслабите - не би сакал желбата за војна да се примени на Сирија”- рече архиепископот и изрази надеж дека ќе надвладее разумот и политичко разрешување на кризата.

РВ/Б.У./го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.