2013-08-29 19:23:50

Папата се сретна со млади од Пијаченца


Во среда 28 август папата Фрањо во Ватиканската базилика се сретна со околу 500 млади од италијанската епархија Пијаченца – Бобио, кои ова поклонение го организираа во склоп на Година на вера и тоа на тема: „На таа карпа“. Пред самата средба со папата Фрањо наш новинар разговараше со епископот Џијани Амброзио, кои ги предводи младите од својата епархија на поклонението во Рим. При тоа епископот напомена дека поклонението се одвива во повеќе етапи, а кулминација е токму средбата со Светиот Отец.

Освен тоа со ова поклонение ќе биде затворен и нивниот Светски ден на млади, бидејќи не можеа сите да присуствуваат на прославата во Бразил. Средбата со Папата е момент кога ќе го упатиме својот поглед кон небото, кон Господ Исус, знаејќи дека Тој е овде, во својата Црква, присутен во Папата, епископите, преку големите ликови на светците, кои се светилници на нашата Црква, со Божјиот народ на својот пат – рече епископот Амброзио.

РВ/го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.