2013-08-27 11:43:24

Во Бергамо започна Националната литургиска седмица


Во Бергамо на 26 август започна 64. Национална литургиска седмица на тема: „Нови и стари работи – Литургијата 50 години по Соборот.“ Според изјавата на монсињор Феличе ди Молфета, претседател на центарот за литургиско делување, целта е да се потсети на реформата и мирно и објективно да се разгледа сѐ она што се случи во изминатите 50 години, а во чие средиште беа три теми: Црква, Слово, обред.

Што се однесува до Црквата – објасни монсињор Молфета – откривањето на славеничкиот народ, на црковното „ние“ ни помага да сфатиме колку е важен народот. Што се однесува до Словото, мислам дека во историјата на Црквата Словото Божјо никогаш подобро не се познавало. Третиот поглед го опфаќа зборот „обред“, за да може теолошки откриената вера исто така да се протолкува и со попристапно изразување – напомена монсињор Молфета.

На прашање од новинарот што нуди понтификатот на папата Фрањо за литургиското учење што се однесува до учеството и обновата на литургијата, монсињор Молфета пред сѐ истакна дека не може да се разделува она што се случувало со папата Бенедикт и ова што се случува со папата Фрањо. Тоа е начин на примена со која се живее и предводи литургиското славење, и кое треба да биде достојно со благородна едноставност, која никогаш не се спушта до немарност и приближност. Литургијата е Христово делување во времето и просторот, продолжување на неговото постоење во сегашноста, сето она што Тој, со зборови и дела, го прави за време на својот земски живот – рече на крајот монсињор Молфета.

РВ/го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.