2013-08-26 13:45:51

Осум минути на телефон со Папата


Стефано Кабиза, студент од Камин, недалеку од Падова осум минути разговараше со папата Фрањо. Телефонот заѕвони, Стефано ја подигна слушалката, а од другата страна се јави папата Фрањо – пишува локалниот весник Ил Газетино. (il Gazzettino)
Пред поаѓањето за Рим со своето семејство Стефано напиша писмо до папата Фрањо и за време на светата Литургија на плоштадот Свети Петар го предаде на еден од кардиналите. Сакав да говорам за своето прекрасно искуство, за големата понизност и близината на Папата со нас верниците – истакнува Стефано.
Ми рече да му се обраќам со ти, додавајќи: Што мислиш, апостолите му се обраќаа на Исус со ваша екцеленција? Или му се обраќаа со еминенција? Беа пријатели, како што сме сега ти и јас, а со пријателите обично се обраќам со ти – рече Стефано Кабиза.

РВ/го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.