2013-08-20 11:19:45

Почесниот папа Бенедикт XVI го посети Кастел Гандолфо


Во понеделник 19 август почесниот папа Бенедикт XVI направи краток излет во Кастел Гандолфо. Тој беше во придружба на сестрите од заедницата „Memores Domini“ и направи прошетка низ прекрасниот парк над езерото Албано, при што молеше Света Бројаница, а потоа како голем љубител на музиката присуствува на концерт со клавир. Вечерта се врати во Ватикан.

Почесниот папа Бенедикт XVI беше придружуван и од неговиот брат Георг Рацингер, кој во моментот е негов гостин во Ватикан.

Папата Фрањо го покани почесниот папа Бенедикт XVI, летните месеци да ги помине во Кастел Гандолфо. За разлика од неговите претходници тој одлучи да не престојува во летниот период во Кастел Гандолфо. Сепак два пати направи посета на ова гратче, каде на празникот Успение на Пресвета Богородица служеше и света Литургија.








All the contents on this site are copyrighted ©.