2013-08-20 11:08:22

Папата повикана на внимателност кон децата и старите лица


Папата повикува на внимателност кон децата и старите луѓе Не можеме мирно да спиеме додека децата умираат од глад, а старите луѓе немаа лекарска грижа порача Папата Фрањо во твитер порака упатена на 17 август. Во пораката објавена на девет јазика Папата повторно зборува за децата и старите луѓе, на кои Светиот Отец посветува голема внимание. Папата постојано ја истакнува важноста на односите меѓу генерациите. На оваа тема во разговор за Радио Ватикан се осврна архиепископот т Винченцо Паглија, преседател на Папскиот Совет за семејства.

Верувам дека Папата со голема пасторална пресметливост ги става во врска децата и старите луѓе за да би зборувал за семејството и животот воопшто, бидејќи токму во детството - староста се одвива целиот општествен живот, исто така и Црквата. На забелешката дека Светиот Отец остро ја напаѓа „културата на трошење“, рече дека некои тоа тврдење на Папата го сфаќаат површно, а всушност Светиот Отец го впери прстот кон еден од стожерите на современата некултура, односно култура на рамнодушност и трошење која на сите им го загорчува животот. Доволно е да се осврнеме на неговиот говор во Лампедуса за да се сфати главната задача на Црквата и христијаните во третиот милениум: да го зацврстат семејството, составено од деца, млади, возрасни, стари луѓе, здрави и болни. Ако од живот ги исклучиме децата и старите, животот би бил како стебло кое ги отфрла корените, плодот и листовите: тогаш ќе остане само труп - објасни архиепископот Паглија. Во својата опомена Папата го осудува јазот меѓу генерациите, како секоја генерација да е препуштена сама на себе, а меѓугенерациската поврзаност е историја, култура односно живот на некој народ - рече архиепископот. Денес се заканува опасноста од расфрлање на општеството; секој за себе. Ако културата потикнува индивидуализам и го осудува заедништвото, тогаш создава рамнодушност и суровост. Токму поради тоа врската меѓу генерациите е важна - важен услов за развој, за средба, за мирољубив и светол живот. Твитер пораката на Папата е отворен прозор кон општеството, нѐ повикува внимателно да го негуваме животот, од почеток до завршеток, нѐ предупредува дека сите сме повикани да живееме во спокој, мир, но и со пот на своите лица - заклучи надбискуп Паглија.








All the contents on this site are copyrighted ©.