2013-08-19 10:15:04

Папата Фрањо: Ни недостасува љубов, вистина, праведност


Во порака упатена, по повод 34 средба за пријателство меѓу народите, која се одржува од 18-24 август во Римини, Светиот Отец потсетува дека е многу важно, да се бараат сите периферии на човекот. Тоа е задача на Црквата и на секој христијанин „да се служи на луѓето, при што треба да се бараат и во сокриените делови од општеството и духовноста.

Постои духовна сиромаштија, истакнува папата Фрањо во писмото: „Ни недостасува љубов, вистина, праведност“. Светиот Отец повикува да одиме храбро во пресрет на луѓето од нашето време, како кон младите, така и кон старите – и тоа не само во парохиите, туку насекаде. Пораката е потпишана од Државниот секретар, кардинал Трачизио Бертоне, а ќе биде прочитана на отварањето на средбата во Римини.








All the contents on this site are copyrighted ©.