2013-08-19 10:17:49

Папата се заблагодари на Црквата во Бразил


Во писмото упатено до преседателот на Бразилската епископска конференција и архиепископ на Апарецида кардинал Рајмундо Дамаскен Асиси, папата Фрањо се заблагодари на Црквата во Бразил за љубовта и приемот по повод поклонението во Богородичното светилиште во Апарецида. Во срцето и во сеќавањето чувам неизбришливи спомени од литургиското славење и веселото мноштво на плоштадот на светилиштето, кое и покрај дождот и студот, ме следеше на поклонението во Апарецида. По изразувањето на љубов и почит кон Мајката на сите Американци и на секој бразилец, папата Фрањо додаде: Ве молам вас како преседател на Бразилската епископска конференција во мое име да се заблагодарите на сите бразилски епископи, на сите парохиски свештеници, пастири и црковни движења, за трудот и грижата околку подготовката и одржувањето на Светскиот ден на млади. На крајот Папата ја истакна својата убеденост дека тој верски настан Црквата во Бразил ќе ја исполни со милост, и посака засеаното семе да овозможи да процвета нова пролет за Црквата во саканиот Бразил. Папата го завршува писмото повикувајќи ја Црквата и бразилскиот народ на заговор на Богородица од Апарецида и подели посебен Апостолски благослов на сите со молба сите да молат за него.









All the contents on this site are copyrighted ©.