2013-08-19 10:11:20

Папата на Ангел Господов: Верата и насилството не одат заедно


Верата и насилството не одат заедно. Ова го рече папата Фрањо за време на Ангел Господов во недела 18 август на плоштад Свети Петар, кој и овој пат беше преполно со верници и поклоници.. Покрај тоа тој потсети дека токму во Година на верата е важно погледот да биде секогаш упатен кон Исус. Во врска со денешното Евангелие (Лука 12,49-53), Светиот Отец истакна дека едно место од библискиот текст мора да се објасни, бидејќи се сфаќа погрешно:

Исус зборува на своите ученици: „Мислите дека сум дошол да донесам мир на земјата? Не, ви велам, туку раздвојување.“ Што значи ова? Со ова се истакнува дека верата не е декорација, не е украс. Не се работи за тоа животот да се разубави со малку религија, како да таа е торта, која се украсува со шлаг. Не, верата значи да се одбере Бог за основен критериум во сопствениот живот. Бог не е испразност, тој не е неутрален, тој секогаш е позитивен, тој е љубов, и љубовта е позитивна. Отакако Исус дојде во светот, повеќе не можеме да се однесуваме дека не го познаваме, како да е апстрактна работа, со чисто номинална вредност. Не, Бог има лице, има име; Тој е милосрден, тој е верен, тој е живот, кој на сите нас ни го поклонува.

Овој библискиот текст во никој случај не значи раздвојување меѓу луѓето, туку напротив. Бог е нашиот мир нашето помирување, рече Папата. Да се наследува Исус, значи да се откажеме од злото, од егоизмот и да го одбереме доброто – вистината и праведноста – и тогаш, кога тоа значи жртвување и откажување од сопствените интереси. Тоа е раздвојувањето, кое може да ги раздели најблиските врски. Сепак тоа не е Бог, кој доведува до раздвојување, туку тој нѐ поставува само пред избор: „Да живееме за самите себе или за Бог и ближниот?“

Ова значи дека текстот од Евангелието во никој случај не оправдува употреба на насилство за да се одбрани верата. Ова е токму спротивното; Вистинската сила на еден христијанин е силата на љубовта и вистината, која што наведува на откажување од секаков вид насилство. Верата и насилството се неспојливи. Верата и насилството се неспојливи! Но вера и сила припаѓаат еден на друг. Христијанинот не е насилен, но е силен; Силен во благоста. Силен во милоста, силен во љубовта.

го*ко/РВ









All the contents on this site are copyrighted ©.