2013-08-14 15:58:22

Лионел Меси: Средбата со Папата е посебен момент


Најголемото достигнување за една фудбалска ѕвезда сигурно дека е освојување на Светско првенство. Меѓу најдобрите играчи кои папата Фрањо ги прими во вторник 13 август, имаше и такви. Исто таму беше присутен и најдобриот фудбалер на светот во моментот, барем така тврдат фудбалските стручњаци. На прес конференцијата која се одржа веднаш по завршувањето на аудиенцијата кај Светиот Отец, најдобриот аргентински напаѓач Лионел Меси средбата со папата Фрањо ја опиша како „еден посебен момент од неговиот живот“. Тој е среќен и благодарен што го запозна Папата и дека е горд што Папата доаѓа од неговата земја.

Животот денеска е тежок, посебно во поглед на кризата. Колку повеќе луѓето се ангажираат за подобар свет, толку подобро. Папата ме убеди во тоа, дека спортистот мора да биде примерен, како на теренот, така и надвор од него.

Четирократниот најдобар фудбалер на светот нема да игра на пријателскиот натпревар со Италија, бидејќи има повреда на мускулот на левата нога. Како што изјави Лионел Меси се враќа веќе во вторник во неговиот клуб Барселона.

На пријателскиот натпревар ќе недостасува и фудбалската ѕвезда на Милан, Марио Балотели, кој во вторник го прослави својот 23 роденден и по аудиенцијата, според медиумите остана неколку минути во приватен разговор со Папата. За содржината на разговорот остана приватна.

Голман ретко станува најдобар фудбалер на светот, бидејќи не дава голови. Сепак голманот на италијанската репрезентација има посебно успешен фудбалски профил. Џанлуиџи Буфон на прес конференцијата изјави: Папата Фрањо ни помага да бидеме подобри, ни го покажува патот, ги стоплува срцата и ги отрезнува нашите души.








All the contents on this site are copyrighted ©.