2013-08-08 13:08:42

Папата Фрањо ја изрази својата близина и грижа со настраданите од експлозијата во Росарио



Папата Фрањо упати телеграма со сочувство до архиепископот на Росарио, монс. Хозе Луис Молаган, во која ја изразува својата духовна близина со семејствата на настраданите во експлозијата, предизивикана од дефект на котел за затоплување на вода и истекување на гас на првите катови од зградата. Од експлозијата е урната фасадата на десеткатна зграда, а нанесена е штета и на околните згради. Дванаесет лица ги загубија своите животи во оваа трагедија, над 60 лица се повредени, а 16 лица се водат исчезнати.

Во писмото испратено од Ватиканскиот државен секретаријат, Светиот Отец ја упатува својата молитва за „вечен покој на душите на загинатите“ и ја искажува својата „татковска близина и грижа“ со ранетите од инцидентот.








All the contents on this site are copyrighted ©.