2013-08-08 11:12:24

Видеопорака на папата Фрањо до верниците во Буенос Аирес по повод празникот на свети Кајетан


Во среда 7 август Црквата го слави празникот на свети Кајетан, италијански свештеник од Италија, познат како заштитиник на Лебот и Работата во време на големата економска криза во Европа и светот. Посебно се слави во Аргентина во една парохија на периферијата од Буенос Аирес како заштитник на работниците. Таму верниците одат на поклонение за да ги препорачат своите потреби на својот заштитник, а редицата е долга и понекогаш мора да се чека и по десетина часови. Како архиепископ од Буенос Аирес папата Фрањо редовно ја предовеше свечената света Литургија во 11 часот, а после светата Литургија се упатуваше во спротивниот правец од редицата за да се поздрави лично со верниците и да се запознае лично со нивните потреби. На денешната свеченост претходеше подготовка под мотото: Со Исус и свети Кајетан да одиме во средба со најпотребните. И денес таму е свечено, а додека верниците чекаат во меѓувреме можеа да ја гледаат видеопораката на папата Фрањо.

И оваа година разговарам со вас, порачува Светиот Отец веднаш на почетокот од својата порака до аргентинските верници. Пораката оваа година да одиме во пресрет на најсиромашните, е вистински поттик да се сретнеме со другите. Можеби и ние сме во потреба, но да одиме кон оние кои имаат уште поголема потреба. Не сами, туку со Исус и со свети Кајетан. Не им одеме во пресрет за да станат католици. Не, туку едноставно да ги сретнеме. Останатото ќе го направи Исус и Светиот Дух, истакнува Светиот Отец во војата порака. А кога даваме милостиња, ако не допреме до оној во потреба и не го го погледнеме во очи, не сме се сретнале со него. Едноставно да одиме во пресрет на другиот.

Светиот Отец забележа дека во нашите семејства недостасуваат средби, во нашите канцеларии, на работните места. А твоето срце кога одиш во средба со најпотребните, ќе започне да расте, расте, расте! Зошто? Бидејќи на тој начин се умоножува способноста да љубиме. Средбата со другиот овозможува да расте срцето. Храбро напред, и ако не знаеш како, но со Исус и свети Кајетан. Не заборавајте да молите за мене, завршува Светиот Отец.








All the contents on this site are copyrighted ©.