2013-08-05 10:10:57

Плодови од Светскиот ден на млади


Во понеделник 29 јули, по завршувањето на Светскиот ден на млади се одржа меѓународната средба на звања на кој учестуваа околу педесед илјади млади момчиња и девојки со цел да се приберат плодовите од Светскиот ден.

Средбата е одржана под водство на архиепископот на Рио де Жанеиро Орани Темпеста, во присуство на пет кардинали; виенскиот кардинал Шенброн, краковскиот кардинал Станислав Џивиш, бостонскиот кардинал Сеан О'Малеј, архиепископт од Сиднеј, кардинал Џорџ Пел, како и архиепископот од Сан Паоло, кардинал Одило Шерер, во заеднишвто со седумдесет епископи и архиепископи и голем број катехисти од Неокатекуменскиот пат.
Средбата се одржа во конгресната палата во Рио, а ја анимираа основачите на Неокатекуменскиот пат, Киро Аргуељо, Кармен Хернандез и отец Марио Пеци. На средбата имаше најмногу поклоници од Бразил, САД, Италија и Шпанија. Откако беа претставени кардиналите и другите црковни великодостојници, Аргуељо одржа катехеза и на крајот ги повика свештениците кои се упатуваат на мисија во Азија. Три илјади момчиња се одѕваа да влезат во семинарија, а две илјади девојки го прифатија повикот на посветен живот. Овие млади во своите земји ќе започнат процес, во кој ќе им се помогне да можат да потврдат дали тој повик доаѓа од Бог.








All the contents on this site are copyrighted ©.