2013-08-05 10:14:44

На Ангел Господов папата Фрањо потсети на Светскиот ден на млади


Драги браќа и сестри! Минатата недела бев во Рио де Жанеиро. Мислам дека сите заедно треба да му заблагодариме на Бог за големиот дар кој претставува голем настан за Бразил, за Латинска Америка и за целиот свет. Тоа беше уште една етапа на поклонение на младите по сите континети со Христовиот крст. Не смееме никогаш да заборавиме дека Светскиот ден на млади не е „огномет“ моменти на воодушевување насочени кон самите себе. Тоа се етапи на поинакво патување започнато во 1985 година на иницијатива на Папата Иван Павле II. Тој на младите им го довери крстот и им рече: Одете, а јас ќе дојдам со вас! Така и беше. Тоа поклонение со младите продолжи и со Папата Бенедикт, а му благодарам на Бог што можев и јас да ја доживеам таа прекрасна етапа во Бразил. Да имаме секогаш на ум: младите не го следат Папата, туку го следат Исус Христос носејќи го неговиот крст. А Папата ги води и следи на тој пат на вера и надеж. Му благодарам на Бог и за сите други средби кои ги имав со пастирите и со народот на таа голема земја како што е Бразил, како и со власта и волонтерите. Бог нека ги награди сите кои придонесоа за ова големо славење на верата. Би сакал да ве замолам заедно со мене да молите за ова накана: младите кои учествуваа на Светскиот ден на млади да го пренесат ова искуство во секојдневниот живот, преку своето однесување секој ден, исто така да го применат и во важните животни одлуки, посебно одговарајќи на личниот Божји повик. Денес во Литургијата оддекнуваат предизвикувачки зборови од книгата Проповедник: „Суета над суетите, суета над суетите сѐ е суета" (1, 2). Младите посебно се чуствителни на значењето на суетата и вредностите кои ги опкружуваат. И затоа за жал трпат последици. Спротивно од тоа, средбата со живиот Исус, во неговото големо семејство Црквата го исполнува срцето со радост, бидејќи го исполнува со вистински живот, со длабоко добро, кое не поминува и не гние. Тоа го видовме на лицата на младите во Рио. Но тоа искуство мора да се соочи со секојдневната суета, со отворените празнини кои се препознаваат во нашите општества засновани на профит и поседување, во општества каде конзумизмот ги залажуваат младите. Евангелието ова недела нѐ предупредува на апсурдната желба сопствената среќа да се темели на имотот. Богатиот си вели самиот на себе: душо, имаш многу блага, натрупани за многу години; почивај, јади, пиј и уживај!’ Но Бог му рече: ‘Безумниче, ноќеска ќе ти се побара твојата душа! Чие ќе биде тоа, што си го приготвил?’ (Лука 12, 19-20). Вистинското богатство е љубовта Божја поделена со браќата. Кој ќе ја искуси не се плаши од смртта, а добива мир во срцето. Да ја довериме ова накана по заговор на Дева Марија.








All the contents on this site are copyrighted ©.