2013-08-03 11:03:25

Папата упати порака до муслиманите по повод завршувањето на Рамазан


Христијаните и муслиманите се повикани взамено да ја почитуваат религијата на другиот, нејзината наука, симболи и вредности, воспитувајќи ги младите во таа смисла – пишува папата Фрањо до муслиманите во пораката по повод завршувањето на Рамазан, месец на молитва и пост за муслиманите. За разлика од минатото, Папата лично ја потпиша пораката.

Обраќајки се на сите муслимани, честитајќи го завршувањето на Рамазан, Папата се концентрира во пораката на тема: Поттикнување на взаемно почитување преку воспитување“ тврдејќи дека почитувањето е хумано однесување, кое го цениме, а взаемното, односно реципрочното, означува дека почитувањето не е еднонасочно, туку ја обврзува и едната и другата страна.

Осврнувајќи се на општествената и семејната реалност, две димензии кои се многу важни за муслиманите, Папата ја истакнува сличноста на исламското сфаќање со „христијанската вера и пракса“ – односно повикани сме да ја почитуваме секоја личност, најпрво нејзиниот живот, физичката неповредливост, нејзиното достоинство и права кои произлегуваат од неа, добриот глас, имот, етнички и културен идентитет, идеи и политички определувања.“ Со други зборови, додаде Светиот Отец „повикани сме со почит да мислиме, говориме и пишуваме за другиот, не само во негова присутност, туку секогаш и насекаде, избегнувајќи неоправдани критики или клевети“. Од тука, голема е одговорноста на семејствата, училиштата, верската поука и средствата за информирање – истакна Светиот Отец.

Применувајќи го началото за взаемно почитување во меѓурелигиските односи, посебно меѓу христијаните и муслиманите, папата Фрањо пишува: „Повикани сме да ја почитуваме религијата на другиот, нејзината наука, симболи и вредности“ и да се искаже „посебно почитување на верските поглавари и местата за молитва“.

Осврнувајќи се на воспитувањето на младите, Папата јасно вели: „Мораме да ги воспитуваме младите да мислат и говорат со почит кон другите религии и нивните следбеници, избегнувајќи исмејување и навредување на нивните уверувања и пракса. Сите знаеме дека взаемното почитување е основно за секој човечки однос, посебно за луѓето кои исповедуваат некоја вера. Единствено така може да растеме искрено и во долготрајно пријателство„ – нагласи Светиот Отец.








All the contents on this site are copyrighted ©.