За време на Светскиот ден на млади поделени се 1,5 милиони примероци од Youcat
За време на Светскиот ден на млади во Рио де Жанеиро на младите е поделени се 1,5
милиони примероци Катехизам за млади (Youcat – Youth Catechism), изјави австрискиот
архиепископ, кардинал Кристоф Шенборн. Youcat е издаден во 2011 година по повод Светскиот
ден на млади во Мадрид, а го создадоа педесетина млади под водство на кардиналот Шенборн.
Тој најголем христијански проект во светот го покренаа австриските епископи и е преведен
на многу јазици, вклучувајќи апрапски. Предговорот на Катехизмот го напиша папата
Бенедикт XVI препорачувајќи го на сите млади католици како нужно средство за запознавање
на сопствената вера. Напишан е на јазикот на младите: низ прашања и одговори, содржи
толкувања, слики, дефиниции, цитати од Светото Писмо. Непрестано носи плодови, а рекордот
од милион подлени примероци за време на Светскиот ден на млади во Мадрид е надминат
на Светскиот ден во Рио - повеќе од 1,5 милиони. За сето тоа треба да се заблагодариме
на почесниот папа Бенедикт XVI кој веруваше во проектот и на великодушната парична
поддршка Папската фондација Помош за Црквата во неволј, истакна австрискиот архиепископ,
пренесува Радио Ватикан. Исто како Катехизмот на Католичката Црква објавен 1992 година
и Компендиумот објавен 2005 година, и Youcat е вистинско чудо, со кој се остварува
сонот на блажениот Иван Павле II младите да ги евангелизираат младите; на крај Youcat
е вистински благослов, заклучи крадиналот Шенборн.