2013-08-02 11:43:31

Светскиот ден на млади во бројки


Според статистичкиот извештај кој го објави Организацискиот одбор на 28-от Светски ден на млади во Рио де Жанеиро, најпосетениот настан, завршната света Литургија со папата Фрањо, на Копакабана собра досега невиден број на луѓе, а се помина без нереди, насилство, кражби, истакна претседателот на Одборот, локалниот архиепископ Орани Темпеста. На свеченоста на пречек на Папата се собрале 1,2 милиони луѓе, два милиони учествувале на Крстниот пат со Папата, 3,5 милиони на бдението. Учествуваа млади од 175 земји од светот, најмногу од Бразил, Аргентина, САД, Чиле, Италија, Венецуела, Франција, Парагвај, Перу и Мексико. Меѓу учесниците 55 отсто беа жени. Околу 800 уметници учествуваа во централните случувања, имаше 60.000 волонтери, а за настаните известуваа 6.500 акредитирани новинари од 57 земји. Од пријавените учесници 7.814 беа свештеници и 644 епископи, меѓу нив 28 кардинали. Беа поставени стотина исповедалници, поделени се четири милиони хостии.








All the contents on this site are copyrighted ©.