2013-08-01 14:15:47

Папата со Исуовците го славеше празникот на свети Игнациј Лојолски


Светиот Отец својата проповед ја опфати според вообичаениот редослед, во три точки: Прво за знакот на нашето спасение, кој што е печатото на Исусовците: ИХС – Исус Спасител на луѓето. Токму тоа го сака во духовните вежби свети Игнациј, да застанеме пред својот Создател и да размислуваме што сѐ тој направи за нас, а што сме ние подготвени да направиме за Него. При тоа станува збор за процес во кој ние ќе се отргнеме од центарот и ќе го поставиме Бог во центарот, Исус Христос да биде во центарот и настојување да се облечеме во Него, како свети Павле или свети Игнациј.


Да се љуби Бог, да се љуби Исус, значи да се љуби она што е Негово, а тоа е Црквата. Така Исусовецот, каде и да се наоѓа, со својата љубов делува кон Христос и Црквата, неговата свршеница. На тој начин имаме две средишта: Христос и Црквата, а не самите себе. И кога ќе ја препознаеме таа милост, се случува чудо, се сретнуваме со Оној кој нѐ надмина во сѐ – Исус, за да одиме по неговиот пат, рече Светиот Отец.


Поради тоа свети Игнациј не упатува во втората недела од духовните вежби да гориме за Царството Христово. Сето друго е малку важно. Тогаш и неволјите стануваат благослов. Па и кога се губи животот, тој поточно се стекнува.


На крајот папата Фрањо ги повика Исусовците да се доверат на Богородица, таа да нѐ научи во центарот на нашиот живот да го ставиме Хрситос и неговата Црква. Богородица е првата ученичка на Исус, која сето тоа го сфати и го исполни, и затоа ја молиме и ние да дозволиме Христос на истиот начин да не опфати и повеќе да немаме други мисли, ниту пак други желби, освен остварување на Царството на нејзинот Син Исус. По завршувањето на светата Литургија Папата на гробот на свети Ингациј се помоли за Црквата и Дружбата Исусова.








All the contents on this site are copyrighted ©.