2013-08-01 14:18:04

Братството е темата избрана од папата Фрањо за Светскиот ден на мирот 2014


„Братството, фундамент и пат кон мирот“ е темата избрана од папата Фрањо за 47-от Светски ден на мирот. Папскиот совет за Правда и мир потсетува дека овој ден е востановен од папата Павле VI и се слави секоја година на 1 јануари, за да се обрне внимание на главните вредности на мирот и потребата неуморно да се вложуваат напори за да стане реалност.
Уште од почетокот на својот понтификат, Папата ја нагласува потребата да се надмине „културата на непотребното“ и да биде промовирана „културата на дијалогот“ во името на еден поправеден и помирен свет.
За папата Фрањо братството е во всадено во секој маж и жена, бидејќи се како Божји чеда. Затоа, пред бројните трагедии над семејството од човечки народи - сиромаштијата, гладот, конфликтите, миграциите, нееднаквоста, неправдата, организираниот криминал, фундаментализмот - братството претставува фундамент и пат кон мирот.
Културата на благосостојба го брише значењето на одговорноста и на братските односи, вели папата Фрањо. Тогаш другите, наместо да бидат „слични на нас“, стануваат ривали или непријатели и „се опредметуваат“. Не ретко, сиромашните и оние во потреба се сметаат за „товар“ и пречка за развојот. На нив не се гледа како на браќа, повикани да ги споделат даровите на созданието, богатствата на прогресот и културата, да имаат полноправно учество во животот и да бидат главни објекти на севкупниот развој.
Братството, како дар и обврска доаѓа од Бога Отецот, и поттикнува солидарност како одговор на нееднаквостите и сиромаштијата кои го слабеат општествениот живот. Ја засилува грижата за секој човек, особено за најмалите и немоќните, кога ги сакаме со истото Исусово срце.
Во светот на постојано зголемување на взаемната зависноста, треба да има место и за богатството на братството кое ќе ја победи распространетоста на глобализацијата на рамнодушноста, за да се створи глобализацијата на братството.
Братството треба да биде присутно во сите аспекти на животот, вклучувајќи ја економијата, финансиите, граѓанското општество, политиката, истражувањето, развојот, јавните и културните институции.
Со оваа порака, папата Фрањо им го нуди на сите патот на братството, за да се направи похуман светот. (В.Н.)








All the contents on this site are copyrighted ©.