2013-07-29 10:30:13

Папата на бдението со младите: Бидете протогонисти на промените


Повеќе од два милиони млади се собра сабота вечерта на 27 јули со папата Фрањо на молитвено бдение на Копакабана, каде младите ја поминаат ноќта во исчекување на завржната Света Литургија на 28 Светски ден на млади. Возењето на Папата низ Атлантската авенија до плажата Копакабана младите ги пропратија со извиците: „Ова е Папска младина“. Во средиште на првиот дел на двочасовната програма беше сценографијата во која младите по примерот на Свети Фрањо доловија изградба на една црква, а сето тоа испреплетено со сведоштвата на четири млади.

Триесетгодишното момче од средено и побожно семејство поминал низ свет на разочарувања, дрога и магија, со абортус на сопственото дете за да, потоа, би се вратил кај Бог и сега учествува во спремањето на Светски ден на млади; свештеникот, пак, поминал низ мисионерскитее земји за да биде навестител на Радосната вест; дваесетитригодишното момче како жртва на разбојничко пљачкосување во својот дом, со пламенот на верата запален на Светскиот ден на млади во Мадрид 2011 година, својата инвалидска количка ја прифатил како крст на радоста и ги повика присутните млади на верност; дваесетедногодишната девојка несреќна поради мајката што боледува од анорексија, пцуе и ќерката ја доживува како товар, слушајќи на радио една духовна песна ја доживува радоста да го љуби Бога и ближниот, со длабока желба да и помогне на мајка си.

Во говорот пред младите, Папата тргна од Свети Фрањо од Асизи, слушајќи го гласот на Распнатиот да оди и да ја обнови неговата Црква, подготвено одговорил откривајќи, со текот на времето, дека не станува збор за материјална градба, туку за „ставање во служба на Црквата, сакајќи ја и работејќи со цел во неа сѐ повеќе да се одразува Христовото лице“. Нагласувајќи дека младите денес му се потребни на Господ, Светиот Отец повеќе пати ги повика на моменти на тишина и барање на одговор во своите срца на прашањето кое им го поставува. „Драги млади Му требате на Бога. И денес ни повикува секого од нас, мене, тебе, секој од нас. Слушајте во срцето што сака да каже“, рече Папата.

Осврнувајќи се на фактот дека бдението поради лошото време мораше да биде преместено од Кампус Фидеи, Папата рече и запраша: „Не ни зборува ли Господ дека вистинско поле на верата, не е некое географско место, туку тоа сме ние? Да, вистина е! Секој од нас, секој од вас, јас, сите!“ А од тоа произлегува и повикот ученик - мисионер, за чие подобро разбирање Папата се послужи со три слики: полето како место за сеење; полето како место за тренинг; полето како градилиште.

Тргнувајќи од Исусовата приказна за сејачот и семето, Папата рече дека „секој ден, но денес на посебен начин, Исус сее, кога го прифаќаме Словото Божјо, тогаш ние сме поле на верата! Ве молам, дозволете Христос и Неговото Слово да влезат во вашиот живот и да помогнат да се изр`тат и да растат“. Папата потоа запраша: „Каква почва сме ние, каква почва сакаме да бидеме? Можеби, некогаш сме како пат: го слушаме Господ, но во нашите животи не менуваме ништо, бидејќи дозволуваме да не заглушат многу површни повици што ги слушаме“. Или „сме како камената почва: Со вподушевување го прифаќаме Исус, но сме непостојани и пред потешкотиите немаме храброст да одиме против струењето“. Или „сме како трнлива почва: нештата, негативните страсти го гушат во нас Божјото Слово“. „Но денес сум сигурен“, продолжи Папата, „дека семето може да падне на добра земја и дека сакате да бидете добра почва, озбилни, а не христијани од 'време на време' (part-time), не ’плашливи’ или ’надворешни христијани, туку автентични христијани. Уверен сум дека не сакате да ја живеете лажната слобода, која се води од модата и моменталните придобивки.

Знам дека имате големи цели за конечните избори што му дават потполна цел на животот. „Говорејќи, потоа, за полето како место за тренинг, Папата рече дека „Исус бара да го следиме преку целиот живот, да бидеме негови ученици, да ’играме за неговата екипа’“. А за да игра некој во екипата „мора да тренира и тоа многу!“, при што „Исус ни нуди нешто многу повредно од освојување на Светско првенство. Исус ни дава можност за плоден живот, среќен живот, па ни нуди и иднина со Него што нема крај, вечен живот“. А за да станеме членови на Христовата екипа, потребно е да се плати влезница, а таа „влезница е да тренираме за да бидеме во форма, без страв да се соочиме со сите животни ситуации, сведочејќи ја нашата вера“. И тоа преку дијалог со Него во молитва, преку Светите Тајни и преку братската љубов. Во говорот за полето како градилиште, Папата ја смести изградбата на Црквата како семејство на браќа кое поминува по ист пат повикувајќи ги младите: „Немојте да се ставите на опашката од историските настани, бидете протагонисти, градете подобар свет, свет во кој владее братството, свет на правда, љубов, мир, солидарност. Одете секогаш напред“.

А кога станува збор за Исусовата Црква „секој од нас е жив камен“, кој “треба да гради единство и сигурност на Црквата, а не да гради мала капела која може да прими само мала група на луѓе. Исус од нас бара Неговата Црква да биде толку голема за да може да го прими целото човештво, да биде дом за сите! Ми вели мене, на вас, на секого: ’Одете и направете ги сите народи мои ученици’. Вечерва да му одговориме: Да, Господи, и јас сакам да бидам жив камен; заедно сакаме да ја градиме Исусовата Црква! Сакам да тргнам и да бидам градител на Христовата црква! Папата истакна дека ги следи вестите од светот во кои многу млади на улиците ја изразуваат желбата за поправеден и побратски свет, нагласувајќи дека се работи за млади луѓе кои сакаат да бидат протагонисти на промените, Папата им порача на младите на Копакабана: „Ве молам, не велете дека другите се протагонисти на промените. Вие сте тие што имате иднина. Преку вас иднината влегува во светот. И ве молам да бидете протагонисти на промените. Продолжете да ја победувате мрзеливоста и пружете христијански одговор на општествените и политичките прашања. Бидете градители на иднината, кои работат на создавање на подобар свет. Драги млади, ве молам, не бидете целосни пасивни набљудувачи на животот, ги повика Папата младите. Не прашувајте од каде да почнете, Папата потсети на одговорот на Мајка Тереза: „Ти и јас! Од вас и од мене!“

Завршувајќи ја својата порака до младите, Светиот Отец рече: „Драги пријатели, не заборавајте: вие сте поле на верата! Вие сте Христови атлети! Вие сте градители на поубава Црква и подобар свет. Да го подигнеме својот поглед кон Мајка Божја. Таа помага да го наследуваме Исус, ни дава пример со своето „да“ дадено на Бог: Еве Слугинка сум Господова, нека ми биде по зборовите твои“. По завршувањето на говорот на Папата, младите ја растурија макетата на црквата, носејќи ги радосно деловите во различни насоки, така, симболизирајќи го „излегувањето од себе“ во духот на Исусовите ученици - мисионери. Потоа следеше процесија со Процесија и Обожавање на Пресветата Причест, пропратено со молитви, песни и други моменти на тишина, со солзи во очите на многумина присутни. Папата потоа подели благослов и со песната Радувај се Царице се задржа пред кипот на Богородица од Апарецида.







All the contents on this site are copyrighted ©.