2013-07-29 10:35:50

Папата до младите на завршната света Литургија во Рио: Христос смета на вас! Папата смета на вас!


Драги млади, Исус смета на вас! Огромно мноштво млади, според службените проценки повеќе од три милиони, се собра на плажата Копакабана во Рио де Жанеиро на завршната Литургија за 28 Светскиот ден на млади одржан на тема „Одете и направете ги моите ученици сите народи“. На Литургијата учествуваше и бразилската преседателка Дилма Русеф и преседателите на Аргентина, Боливија и Суринам и потпреседателите на Уругвај и Панама.. Верата е пламен од Исусовиот повик: „ Одете и направете ги моите ученици сите народи “ беше во центарот на проповедта на Светиот Отец кој констатира дека „е убаво да се учествува на Светскиот ден на млади, да ја живеат верата заедно со младите од сите краеви на светот, но сега“ – порача Папата на младите – „ти мораш да одиш и да го пренесеш го искуството на другите“. Искуството на ова средба не смее да остане затворено во вашиот живот и во мали групи во парохијата, движењата, вашите заедница. Тоа би било како да се одземе кислородот од пламенот кој гори. Верата е пламен кој станува се посилен, доколку повеќе се дели, пренесува, сите да можат да го запознаат, љубат и исповедат Исус Христос кој е Господар на животот и историјата, рече Папата. „Споделувајте го искуството на верата, сведочете ја верата, да го навестуваш Евангелието е послание кој Господ го доверува на целата Црква, и на тебе; таа заповед не е плод на желбата за владеење или моќ, туку сила на љубовта, работата дека Исус прв дојде меѓу нас и ни даде не нешто од себе, туку самиот себе, го даде својот живот за да не спаси и да ни ја покаже Божјата љубов и милосрдие. Исус кон нас не се однесува како кон робови, туку како кон слободни луѓе, пријатели, браќа; не само што не испраќа, туку и не следи, секогаш е со нас во тоа послание на љубовта. На светот му треба Христос! Не плашете, се истакна Папата, одете и носете го Христос во сите средини, се до егзенстенцијалните периферии, и на оние кои ни изгледаат дека се најодвоени, најрамнодушни. Господ ги бара сите, сака сите да ја почуствуваат топлината на неговото милосрдие и на неговата љубов. Папата затоа додаде дека Црквата во Латинска Америка се зазема за контенетална мисија која ја започнале епископите. „Бразиле, Латинска Америко, на светот му треба Христос! Овој континент го прими навестувањето, кој го означи неговиот пат и донесе многу плодови. Сега тоа навестување исто така е доверено на вас, да одекнува со нова сила,“ рече Папата. И требате на Црквата, порача Папата на младите, треба полет, креативност и радост кои вас ќе ве карактеризираат. Големиот апостол на Бразил блажен Хосе де Анкиета појдел во мисија кога имал само 19 години. Знаете ли кое е најдоброто средство за евангелизација на младите? Самите млади. Тоа е патот по кој треба да одите, рече папата. Одете! Исус, продолжи Папата, не рече: „Оди“, туку „Одете“: повикани сме заедно. Драги млади, почуствувајте дека во таа мисија ве следи целата Црква и заедницата на светците, рече Папата и додаде: „Кога заедно ќе се најдеме во костец со предизвиците, тогаш сме силни, ги откриваме ресурсите за кои не сме ни знаеле дека ги имаме. Исус не ги повикал апостолите да живеат изолирани, ги повикал да создаваат една група, заедница“. Папата ги повика презвитерите да ги следат младите, но додаде, „тоа е само една етапа од патот. Продолжете да ги следете великодушно и радосно, помагајте им активно да се вклучат во Црквата; нека никогаш не се почуствуваат дека се сами.“ Црквата смета на вас! На крајот Папата зборуваше за служењето. „Да евангелизираш значи посебно да ја сведочиш Божјата љубов, да го победиме нашиот егоизам, да служиме така да се наведнеме до нозете на своите браќа и да им ги измиеме како што направи Исус. На крајот од проповедта Папата истакна дека оној што евангелизира и тој е евангелизиран, тој кој пренесува радост, и прима радост. „Драги млади, по враќањето во вашите земји, не плашете се да бидете великодушни со Христос, сведочете го неговото евангелие. Во првото читање Бог го испраќа пророкот Јеремија, му дава моќ да истребува и руши, да бриши и уништува, да гради и сади (Јеремија 1,10). Тоа важи и за вас, рече Папата. „Да го донесувате Евангелието значи дека „ја донесувате Божјата сила за да истребувате и рушите насилство; да ги бришете и уништувате бариерите на себичноста, нетолеранцијата и омразата; за да градите нов свет. Исус смета на вас! Црква смета на вас! Папата смета на вас!, рече Светиот Отец повикувајќи на крајот да се ставиме под заштита на „Исусовата мајка и Наша мајка“. На крајот на Литургијата преседателот на Папскиот совет за лаици кардинал Станислав Рилко упати зборови на благодарност до папата Фрањо. Пред вас, Светост, се млади од најдалечните краеви на светот. Тоа е прекрасна слика на младите во Црквата, Црква полна со надеж. Беа тоа денови на голема евангелска сеидба, рече кардинал Рилко осврнувајќи се на Светскиот ден на млади 2013: околу 300 епископи кои одржаа катехези на 27 различни јазици; толку моменти на молитва во тишина; мноштво млади кои пристапија на Светата Тајна Исповед; толкава радост да сме заедно како браќа да сведочиме пред светот дека е убаво да се биде христијанин; дека вреди да се следи Христос во својот живот. Во вашите срдечни и едноставни зборови младите наоѓаат одговор на многубројните прашања кои ги измачуваат нивните срца. Папата Фрањо ги потикна младите да излезат од самите себе кон егзестенцијалните периферии на нашиот свет и да го донесат евангелието, почнувајќи од сиромашните, исклучените, маргинализираните, порача кардинал Рилко. На завршетокот на Литургијата Папата ја предводеше молитвата Ангел Господов и после молитвата најави дека следниот Светски ден на млади ќе се одржи во 2016 во Краков, Полска.







All the contents on this site are copyrighted ©.