2013-07-27 15:28:33

Папата меѓу младите затвореници од Рио: Никогаш повеќе насилство, туку само братска љубов


Откако во петокот 26 јули, Папата исповеда петмина учесници на СДМ во паркот Куанита да Боа Виста, се сретна со осум млади затвореници: 6 момчиња и две девојчиња. За средбата информира, отец Федерико Ломбарди. Младите носеа маици со логото на СДМ и беа седнати во круг околу Папата. Присуствуваше и судија од судот за малолетници, кој изрази благодарност за напорите на Црквата во пастирската дејност меѓу затворениците и најави дека најверојатно следната недела овие младите ќе бидат помилувани.

Младите го замолиле Папата да им благослови некој лични предмети и да потпише некој фотографии; девојка исполни песна напишана специјално за Папата и го прочита писмото напишано од страна на нејзините созатворнички. Младите му подарија на Папата една голема бројаница со крст на кој е напишано: „Candelaria nunca mas“ (Никогаш повеќе Канделарија). Станува збор за полициска рација во Рио де Жанеиро во јули 1993 во која беа убиени 11 бездомни деца, кои спиеја пред црквата на Канделарија.

Папата се помоли пред бројаницата и повика: „Никогаш повеќе насилства, туку само љубов!“. Светиот Отец ги охрабри младите да гледаат со надеж кон иднината и побара да се молат за него. „Средбата беше многу потресен - истакна отец Федерико Ломбарди - и покажа дека за Папата, СДМ не треба да ги заборавиме затворениците“. На крајот директорот на Ватиканскиот прес потсети дека Папата Фрањо е секогаш блиску до затворениците и на секои две недели телефонира со група затвореници од Аргентина.







All the contents on this site are copyrighted ©.