2013-07-12 18:20:34

Кратка пауза за папата Фрањо


Во недела, 14 јули еден дел од денот папата Фрањо ќе го помине во летната резиденција во Кастел Гандолфо. Како што е јавено во четврток, 11 јули папата Фрањо околу 9.30 часот ќе го напушти Ватикан и ќе се упати во Кастел Гандолфо. Таму Папата ќе биде пречекан од вработените во резиденцијата, како и од црковни и цивилни авторитети. Како што е јавено во 12 часот ќе ја предводи молитвата Ангел Господов од главниот влез на летната резиденција. На ручок ќе биде заедно со вработените од Ватиканската опсерваторија и нејзиниот директор, аргентинскиот исусовец Хозе Габриел Фунес, а потоа ќе се врати во Ватикан.

Ова ќе биде негова втора посета на Кастел Гандолфо, откако првиот пат на 23 март го посети почесниот папа Бенедикт XVI.








All the contents on this site are copyrighted ©.