Повеќе од 200 сиромашни вечераа во Ватиканските градини
Повеќе од 200 римски сиромашни се собраа на 1 јули пред Лурдската пештера во Ватиканските
градини, на вечера која ја организираше друштвото Свети Петар, која го помага папското
каритативно делување и чиј волонтери во таа прилика ги служеа сиромашните. Ова е голема
чест за оние во потреба. На овој настан учествуваше и кардинал Џузепе Бертело, претседател
на управата на државата град Ватикан, како и претставник на друштвото монсињор Франко
Камалдо, кој рече:
"Тоа беше ден на голема радост и ведрина. Нашите сиромашни
се многу благодарни на оваа вечер и ја доживееја на посебен начин. Меѓу волонтерите
беше и послужуваше и кардинал Бертело. На лицата на нашите штитеници можеше да се
види голема радост, помешана со емоции и скоро со неверување: да се биде во Ватиканските
градини, и тоа пред Лурдската пештера, и да се биде послужуван! - рече монсињор Камалдо
и додаде дека по вечерата на сиромашните им се подарени по две кеси – една со овошје,
а друга со слатки. За спомен на овој ден на секој од учесниците им е подарен приврзок
со ликот на Папата. За време на вечерата често пати сиромашните извикуваа: „Да живее
Папата, да живее Папата!“ На крајот следуваше впечатлива сцена: многу сиромашни пристапуваа
со лични писма и пораки за Светиот Отец, што всушност ја изразува нивната благодарност
кон Папата – рече на крајот монсињор Камалдо.