2013-07-03 09:21:56

Архиепископот Физикела го претстави денот посветен на семинаристите, искушеници и искушенички


„На тебе се надевам” е тема на денот за богословите, искушениците и искушеничките, и на сите оние кои се на пат на распознавање на својот животен пат. Станува збор за средба во Рим од 4 до 7 јули, во склоп на Година на верата, како што истакна на прес конференција на 1 јули монсињор Рино Физикела, претседател на Папскиот совет за Нова евангелизација.

Шест илјади богослови, искушеници и искушенички од 66 држави ќе се соберат во име на милиони други млади „кои наоѓаат во светот сила и храброст да се посветат на Господа во свештеничкиот и монашкиот позив”- рече монсињор Физикела.

Ваков важен момент, во Годината на верата, не можеше да изостане. Голема е желбата да се покаже радоста на толку млади кои го почувствувале повикот – и покрај различните животни потешкотии. Повикот за ваков начин на живот- истакна монсињор Физикела - неретко бара многу повеќе - дури и да се остави с ѐ– како би станале Христови ученици - што не претставува мала внатрешна борба.

„Надевањето во Неговото Слово и сопствениот живот да се стави во служба на Црквата, ближните, е тешка одлука, а целата своја сила ќе ја црпи од средбата со Христос”. „Се надевам ли на тебе” - ќе сведочат собраните млади во текот на предвидените четири дена. Кулминација на собирот ќе биде средбата со Светиот Отец, во сабота попладне, 6 јули, во салата Павле VI и света Литургија која ќе ја предводи папата Фрањо, во недела, 7 јули, во базиликата Свети Петар.

Овие денови во Рим се претходница на Светскиот ден на млади во Рио де Жанеиро. „Сигруни сме - рече монсињор Физикела - дека и во овие денови ќе се покаже важна темата за свештеничкиот повик и посветениот живот.”







All the contents on this site are copyrighted ©.