Својата прва енциклика папата Фрањо ќе ја објави во петок, 5 јули. Енцикликата ќе
биде со наслов „Светло на верата“ (Lumen fidei). Ова е објавено во Ватикан во понеделник
1 јули. Енцикликата ќе биде преставена во Ватикан на прес конференција со почеток
во 11.00 часот од страна на префектите на Конгрегацијата за епископи и Конгрегацијата
за наука на верата, кардинал Марк Куелет и архиепископот Герхард Лудвиг Милер, како
и претседателот на Папскиот совет за Нова Евангелизација Рино Физикела.