Вселенскиот патријарх Варторломеј I упати писмо до папата Фрањо
Дијалог во љубовта, богословието и вистината меѓу различните Цркви, посебно меѓу Католичката
и Православната да продолжи да дава плодови во духот на братската љубов, меѓусебно
разбирање и чистосрдечноста со цел обновување на видливото единство, преку единствената
вистина во Христос, кој ќе ги обедини сите христијани". Ова стои во писмото од Вселенскиот
и патријарх Варторломеј I упатено до папата Фрањо по повод патрониот празник на Римската
Црква светите апостоли Петар и Павле.
Празникот беше одбележан во сабота 29
јуни со свечена Литургија која ја служеше Папата во базиликата Свети Петар во Ватикан,
а во присуство на православна делегација од Вселенската патријаршија. Православната
делегацијата папата Фрањо ја прими претходниот ден на аудиенција. Присуство на православната
делегација е во рамките на традиционалната размена на делегации за патроните празници
на Римската и Цариградската Црква од 1969.
Оваа година православната делегација
беше предводена од Пергамскиот митрополит Јоанис Зизиулас, копретседател на Мешовитата
меѓународна комисија за теолошки дијалог меѓу Католичката црква и Православните цркви.