Папата Фрањо го прими претседателот на Венецуела Мадуро
Согледување на ситуацијата во Венецуела по смртаа на претседателот Хуго Чавез и борбата
против трговија со дрога беа главните теми за разговор меѓу папата Фрањо и претседателот
на Република Венецуела Никола Мадуро, кој во понеделник 17 јуни беше примен на аудиенција
од папата Фрањо. „За време на срдечните разговори стана збор за социјалната и политичката
ситуација во земјата, како и некои актуелни прашања, како сиромаштијата, борбата против
криминалот и шверцот со дрога", се вели во соопштението од Ватикан. Исто така станало
збор и за „ситуацијата во регионот со посебно внимание кон мировниот процес со Колумбија".
За време на разговорите било потенцирано „историското присуство на Католичката црква
во земјата и нејзиниот решителен придонес на хуманитарно, здравствено и образовно
поле, а беше потенцирана и потребата за искрен и постојан дијалог помеѓу епископската
конференција во земјата и државата, а со цел севкупен напредок на нацијата". По аудиенцијата
со Папата, венецуелскиот претседател оствари разговори и со државниот секретар на
Ватикан, кардинал Тарчизио Бертоне и секретарот за односите со земјите монсињор Доминик
Мамберти.