2013-06-17 10:54:58

Во писмо до Камерон Папата повика до групата Г8 да стави крај на војната во Сирија


На состанокот на групата Г8 нека се работи за непосрден прекин на огнот во Сирија и започнување на преговори – истакна папата Фрањо во одговорот на писмото до британскиот премиер Дејвид Камерон, кој на 5 јуни му напиша писмо на Светиот Отец пред почетокот на состанокот кој ќе се одржи на 17 и 18 јуни во Лоуг Ерњу, во Северна Ирска.
Повик до големите светски сили да ја разгледаат актуелната состојба на Блискиот Исток, посебно во Сирија, стои во спомнатиот одговор на Папата до британскиот премиер, во кое исто така се бара да се постигне непосреден и траен прекин на огнот, а завојуваните страни да се доведат на преговарачка маса. Според Светиот Отец изградбата на мирот е неопходно потребен услов за заштита на жените, децата и невините жртви, како и за искоренување на гладот.

Понатаму во писмото Папата поттикнува секоја политичка и економска активност да се поврзе со човекот, бидејќи тој е целта на тие две активности, служејќи токму на луѓето, почнувајќи од најсиромашните и најслабите. Политиката и стопанството мора од една страна да овозможат слобода, како и лична и заедничка креативност, а од друга страна да се поттикнува и гарантира тие секогаш да се извршуваат одговорно и со солидраност, со посебно внимание кон најсирмошните.

Светиот Отец се осврна и на неопходната потреба конечно да се отстрани злото наречено глад и гарантирање на прехрамбена сигурност, и напомена дека материјалната и духовната благосостојба на човекот мора да биде појдовна точка на сите политички и економски решенија, како и да биде мерка за нивната делотворност и етичност. Сегашната општа криза покажува дека етиката не е надвор од стопанството, туку е нејзин составен дел и причина поради која долгорочните мерки кои ќе се применуваат, како и итните општи мерки има за цел да ја води етиката кон вистината. Парите и другите средства треба да служат, а не да владеат, истакна на крајот папата Фрањо и додаде дека бесплатната солидраност без интереси е клуч на економското делување за општо добро.








All the contents on this site are copyrighted ©.