2013-06-15 10:32:36

Папата се сретна со англиканскиот надбискуп Велби


Заштитата на човечкиот живот и семејството втемелено на бракот, е обврска со цел поголема општествена праведност, а со тоа би се дадело глас на сиромашните, како и за решавање на конфликтите, почнувајќи од кризата во Сирија. Тоа се подрачја на соработка помеѓу Католичката Црква и Англиканската Црква која Папата ја истакна во петок, 14 јуни, примајќи го во аудиенција кантербуршкиот надбискупот и поглавар на Англиканската заедница, Хустин Велби, заедно со неговата сопруга и придружба. Заложбите во барањето единство меѓу христијаните не произлегува од практични причини, туку од волјата на Господ Исус Христос – рече Папата. После приватниот разговор, во капелата Редемпторис Матер одржана е заедничка молитва.

Беше тоа братска средба, по историската средба на надбискупот Мајкл Рамзи со папата Павле VI. По зборовите на неговиот претходник, Папата Фрањо, дочекувајќи го надбискупот Велби рече дека не го прима како „гост или туѓинец, туку, како дел од Божјото семејство”. Освен тоа, Папата му се заблагодари на надбискупот што го спомна во молитвите за време на свеченоста на устоличување во кантербуршката катедрала. Бидејќи и двајцата ги започнавме нашите служби со неколку дена разлика, секогаш ќе имаме посебни причини за взаемна потпора и молитва – напомена Светиот Отец.

Долга е историјата на односи меѓу Црквите во Англија и Римската Црква, во која не недостигале ниту болни моменти - забележа Папата, потенцирајќи истовремено и на патот на приближување и братство во последните децении, и важноста на заедничкото промовирање на христијанските вредности во општеството кое, како што изгледа, ги става во прашање некои од темелите на соживот, како што е светоста на човечкиот живот, или цврстината на институцијата семејство, кое се темели на бракот. Тука е, - додаде Светиот Отец - завземањето за поголема социјална правда и економскиот систем во служба на човекот и општото добро. Меѓу нашите задачи, како сведоци на Христовата љубов, е да дадеме глас и на сиромашните, како не би биле препуштени на законите на власта кои понекогаш, како човекот да го зема во обзир само како потрошувач – забележа Папата.

Кога христијаните живеат и работат заедно и складно, можат да донесат мир во светот – додаде Светиот Отец и своите мисли ги упати на тешката криза во Сирија. Папата Фрањо го спомена заедничко завземање на надбискупот Велби и Вестминстерскиот надбискуп монсињор Николас, кој беше присутен на аудиенцијата, во поттикнување на власта да пронајде мирно решение за конфликтот. За сирискиот конфликт е потребно да се пронајде мирно решение, кое ќе ја зацврсти сигурноста на целото население, вклучувајќи ги и малцинствата, меѓу кои се и многу старите локални христијански заедници. – истакна Светиот Отец.

Папата Фрањо на крајот ги пофали напорите на Црквите во Англија за разбирањето за причините кои неговиот претходник, Бенедикт XVI, го довеле да понуди канонска структура која може да одговори на барањата на група англиканци да бидат примени во Католичката Црква. Сигурен сум дека тоа ќе овозможи во католичкиот свет подобро да се запознаат и се ценат духовните, литургиските и пасторалните традиции кои се дел од англиканската традиција – напомена папата Фрањо. (Б.У.)







All the contents on this site are copyrighted ©.