2013-06-11 16:27:25

Бразил: Над 200.00 верници ќе го пречекаат Папата во Апарецида


При посетата на папата Фрањо во бразилското Богородично светилиште Апарецида се очекуваат над 200.00 верници. Ова го изјави во понеделникот архиепископот од Апарецида, кардинал Рајмонд Дамаскено. На 24 јули папата Фрањо ќе се упати од Рио во светилиштето Апарецида, кое е одалечено околу 300 киломтери од местото на одржување на Светскиот ден на млади. За Светскиот ден на млади кој ќе се одржи во Рио де Жанеиро од 23-28 јули се очекуваат над 3 милиони млади поклоници.

Апарецида важи за место каде што во 1717 година се објавува Пресвета Богородица и е едно од поголемите Богородични светилишта.








All the contents on this site are copyrighted ©.