Човековите права, правдата и социјалниот мир беа главните теми на разговорот помеѓу
папата Фрањо и претседателот на Уругвај, Хозе Алберто Кордано, кој во сабота 1 јуни
беше примен на аудиенција од Светиот Отец. Покрај средбата со Папата, уругвајскиот
претседател оствари средба и со Државниот секретар на Ватикан, кардинал Тарчизио Бертоне
и секретарот за односи со државите, монсињор Доминик Мамберти. „На срдечните разговори
се разменија информации и мислења за општествено-политичката ситуација во земјата
и нејзината улога во регионот - се вели во соопштението од Ватикан по завршуањето
на средбата. Исто така беше разговарано и на теми од взаемен интерес, почитувањето
на човековите права, правдата и социјалниот мир. На средбата беше истакнат и придонесот
на Католичката црква во јавната дебата по овие прашања, посебно за мирот во светот,
придонес на Црквата во општеството, пред сè во областа на здравството и образованието".
По средбата директорот на Ватиканскиот прес центар отец Федерико Ломбарди, изјави
дека Папата изрази „задоволство од средбата со еден мудар човек".