2013-05-29 09:51:20

Папата упати Твитер порака до младите: Поставете си големи цели


На својот твитер профил @pontifex папата Фрањо објави нова порака, посветувајќи ја на младите: „Драги млади, Црквата очекува многу од вас и вашата великодушност. Не стравувајте и поставете си големи цели.“

Твитер профилот на папата Фрањо е на девет јазици и неговите корисници надминуваат веќе 6,5 милиони: 2.527.800 англиски јазик, 2.412.000 шпански јазик, 754.000 италијански јазик, 338.100 португалски јазик, 104.000 француски јазик, 106.600 германски јазик, 102.300 латински јазик, 88.600 полски јазик и 61.100 арапски јазик.







All the contents on this site are copyrighted ©.