2013-05-27 15:32:08

Патер Ломбарди потврди дека Папата ќе објави енциклика за верата


Ватиканскиот гласноговорник Федерико Ломбарди ги демантираше гласините дека Бенедикт XVI ќе ја напише енцикликата за вера. „Демантирам дека почесниот папа Бенедикт XVI ќе ја пишува енциклика, која ќе биде потпишана од папата Фрањо“ изјави Ломбарди во петок 24 мај. Истовремено тој потврди дека папата Фрањо подготвува енциклика за верата.

Познато е дека Бенедикт XVI подготвуваше енциклика за верата, изјави Ломбарди. Овој проект ќе го продложи папата Фрањо. Почесниот папа нема никаква улога при завршувањето на овој проект, нагласи патер Ломбарди. За датумот на објавување на енцикликата патер Ломбарди не даде информација.

За гласините дека папата Фрањо има намера да објави енциклика која ќе биде посветена на сиромаштвото, Ломбарди одговори кратко: „Енцикликите ги подготвуваме една по друга“.









All the contents on this site are copyrighted ©.