2013-05-23 16:09:47

Папата го прими претседателот на Ел Салвадор


Во четврток 23 мај, папата Фрањо го прими во Апостолската палата претседателот на Ел Салвадро Карлос Маурицио Фунес Картагена, кој потоа се сретна и со Државниот секретар кардинал Тарчизио Бертоне, како и секретарот за односи со државите Доминик Мамберти. Во соопштението испратен од Ватикан се вели дека во текот на срдечните разговори е изразено задоволство до постоечките добро односи меѓу Светата Столица и Ел Салвадор. Дел од средбата беше посветена на слугата Божји, монсињор Оскар Ромеро, поранешен архиепископ на Сан Салвадор, кој е убиен во 1980 за време на Литургијата и дека неговото сведоштво е важно за целата нација. Исто така е изразена благодарност за улогата на Црквата на полето на помирување и мирот, како и за доринесот на Црквата во образованието, искоренувањето на сиромаштвото и организираниот криминал. Во текот на разговорите станало збор и за некои етички прашања, како што се заштитата на човечкиот живот, бракот и семејството.

На крајот од аудиенцијата претседателот на Ел Салвадор му поклони на папата Фрањо дел од одеждата на монс. Ромеро, која ја носеше за време на Литургијата кога беше убиен.







All the contents on this site are copyrighted ©.