2013-05-22 11:07:43

Папата повика на молитва за жртвите во Оклахома


На светата Литургија во вторник, 21 мај во капелата на домот Света Марта папата Фрањо повика на молитва за жртвите од торнадото, кое ја зафати американската сојузна држава Оклахома. Жртви на торнадото до овој момент се 91 лице, меѓу кои и 20 деца. Брзината на ветерот достигна до 320 километри на час, а бурата траеше околу 45 минути. Папата Фрањо испрати и порака преку твитер во која се вели: „Сочувствувам со семејствата на загинатите од торнадото во Оклахома, посебно со оние кои ги загубија своите деца. Придружете се во мојата молитва за нив.“








All the contents on this site are copyrighted ©.